to be defined by country

Лидл Северна Македонија

Лидл Северна Македонија секогаш се залага за највисок квалитет по најниска цена. Како дисконтер, ние се концентрираме на најважните производи за купувачите. Преку нашите разработени процеси и преку соработката со нашите партнери, успеваме да гарантираме извонреден однос на цена – перформанси и да понудиме добро осмислен асортиман. Нашите купувачи можат секогаш да се потпрат на добро познатиот квалитет и свежина на Lidl производите. Нашите вработени работат напорно секој ден за да им го олеснат купувањето на нашите клиенти.

Свесни сме за нашата одговорност кон нашите вработени и деловни партнери, како и кон животната средина и општеството. Како дел од Schwarz Group со седиште во Некарсулм – Германија, ние сме една од водечките компании за малопродажба на храна во Европа и пошироко.

to be defined by country

Лидл – силен бизнис модел, силна култура

Како дисконтер, ние не правиме компромис – нашиот јасен деловен модел е клуч за нашиот успех. Нашите компаниски вредности се основа за нашите секојдневни постапки. Ние не се залагаме за профитабилност по секоја цена: Lidl ја презема одговорноста за своите вработени, за животната средина и општеството. Ние имаме јасни насоки и задолжителен систем на вредности кои претставуваат основа за нашето работење во рамките на компанијата но и со нашите партнери. 

to be defined by country

Нашиот асортиман – квалитетни производи за сечиј вкус

Свежи и квалитетни Lidl производи по ниски цени можеме да ветиме - секој ден. Работиме секојдневно за да можеме да им понудиме на нашите потрошувачи привлечен асортиман и разновидни производи за нивните секојдневни потреби (како дел од нашите промотивни недели): од свежа храна до меѓународно препознатливи и популарни производи, локални специјалитети, квалитетни текстилни производи како и производи за домаќинството. Нашите потрошувачи можат да направат избор помеѓу производи од популарни брендови или пак производи од сопствените брендови на Lidl. За да биде асортиманот комплетен, во понудата имаме и регионални и сезонски производи. 

sustainability

Преземање одговорност - за сигурна иднина

Да дејствуваме денес за подобро утре – тоа е нашиот стремеж. Одржливоста за нас првенствено значи - секојднено исполнување на нашето ветување за добар квалитет. За таа цел, општествената одговорност, правичното тргување и одржливите производи се цврсто вградени во нашите процеси. Како Lidl, ние преземаме економска, социјална и еколошка одговорност и работиме секојдневно на понатамошно развивање на себеси и на нашиот бизнис модел, за да ја подготвиме нашата компанија за успешна иднина. Што точно значи ова за нас и што правиме?

to be defined by country

Високи перформанси и фер - кариера во Лидл

Нашите вработени секојдневно придонесуваат за успехот на Лидл да биде возможен. Доколку сакате да бидете дел од тимот, да се вклучите во работата, да покажете иницијатива или пак да преземете одговорност, тогаш вие сте на вистинското место. Заедно работиме ефикасно и динамично за да постигнеме квалитет и успех. Како дел од меѓународна компанија, ви нудиме можности во многу различни професии. Атрактивни услови за работа како и соработка базирана на почит, се базата на нашиот успех.

Bild

Јасни правила, високи стандарди – Усогласеност во Lidl

Усогласеноста со законските барања не е само наша обврска, туку е и дел од сликата за нас. Постојано ги прилагодуваме нашите процеси и системи на правната рамка. Секоја информација ја сфаќаме сериозно. Кога ќе се сумира сè, соработката во Лидл се карактеризира со висок степен на доверливост, правичност и доверба.

Bild

Принципи на нашата компанија

Како меѓународна компанија, свесни сме за нашата големина и присуство во јавноста.