Лидл Северна Македонија секогаш се залага за највисок квалитет по најниска цена. Како дисконтер, ние се концентрираме на најважните производи за купувачите. Преку нашите разработени процеси и преку соработката со нашите партнери, успеваме да гарантираме извонреден однос на цена – перформанси и да понудиме добро осмислен асортиман. Нашите купувачи можат секогаш да се потпрат на добро познатиот квалитет и свежина на Lidl производите. Нашите вработени работат напорно секој ден за да им го олеснат купувањето на нашите клиенти.
Свесни сме за нашата одговорност кон нашите вработени и деловни партнери, како и кон животната средина и општеството. Како дел од Schwarz Group со седиште во Некарсулм – Германија, ние сме една од водечките компании за малопродажба на храна во Европа и пошироко.